email facebook twitter youtube

logo

Концептот за пакетот алатки може да се деконструира ако размислуваме за него преку метафората за патникот кој се подготвува за патување. Во овој случај патникот е обучувачот, а патувањето е практиката на подучување. Пред патникот да тргне на патувањето, тој/таа треба да има точка на поаѓање и треба да си ги спакува потребните работи кои тој/таа смета дека ќе му/и бидат потребни. Во текот на патувањето, патникот може да отстани некои работи од багажот, може да додаде дополнителни работи или да ги искористи работите за кои имал/а друга намена, на друг начин. Патникот не знае каде ќе го однесе патувањето и што или кого ќе сретне по пат, но багажот, кој во оваа метафора е пакетот алатки, ќе го оспособи со тоа што му/и треба за да го направи патувањето поуспешно.

Поради тоа, пакетот алатки треба да се гледа како динамично претставување на алатки кои се корисни и потребни за патот кон подучувањето. Како и да е, алатките во багажот можат различно да се користат од страна на патникот во зависност од контекстот и околината, како и од самото патување. За да се вратиме назад на предизвикот претставен преку јазот помеѓу напредувањата во технологиите и дигиталните медиуми и наставната програма, самиот пакет алатки обезбедува увид во бројни дигитални алатки и апликации и дава насоки и предлози како да се пристапи и да усвојат таквите алатки за да им помогнат на возрасните ученици да се здобијат со вештини за писменост преку искористување на моменталниот дигитален простор.

Сите содржини објавени под Заедничка Креативна Лиценца