email facebook twitter youtube

logo

Позадина на проектот

Писменоста е клучна компетенција која осигурува социјална кохезија и лично исполнување, Возрасните со потешкотии во разбирањето на пишаниот збор во печатена и дигитална форма се соочуваат со препреки активно да учествуваат во општеството. Понатаму, луѓе кои со борат со потешкотии во читањето и пишувањето ги кријат своите потреби и тоа предизвикува потешкотии во идентификувањето на нивните потреби за учење.

Обучувачите на возрасни исто така се соочуваат со нови предизвици и можности да се прилагодат на дигиталната околина и да користат дигитално-потпомогнати методи (дигитални педагогии) за подучување на основни вештини. Појавата на веб алатки нуди нови можности за истражување на иновативни методи за подучување.

 

 

Недостатокот на основни вештини за писменост е истакнат во интернационалната анкета за вештини на возрасните спроведена од страна на Програмата за интернационална проценка на компетенциите на возрасните (PIAAC). Глобалниот извештај за образование и учење на возрасни (UNESCO, 2012) идентификува клучен концептуален проблем поврзан со недостатокот на заедничко глобално разбирање за како да и се пристапи на писменоста. Со ова се истакнува значајноста на потреба да се соработува прекугранично и на иновациите во развојот на наставните програми за писменост на возрасните и алатките за подучување на обучувачите.

Проектот го адресира прашањето, како дигиталните алатки можат да ги задоволат потребите на нискоквалификуваните возрасни ученици. Ова ќе биде спроведено преку стратешка соработка на 8 европски партнери специјализирани во учење на возрасните, образование и медиуми. Проектот има за цел да истражи и да покаже како обучувачите на возрасни можат да се ангажираат и да ги мотивираат возрасните ученици користејќи дигитални алатки и раскажување на приказни.

Сите содржини објавени под Заедничка Креативна Лиценца